Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Браќата Лотевци и оваа година по костуми скокнаа во езерото за Водици

Охрид, 19. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – И оваа година браќа Лотевци oд Охрид на Водици скокна во костуми во водите на Охридското Езеро.

Скокот во ладната езероска вода, со кој тие ја продолжуваат традицијата, беше бурно поздравен од присутните.

30 годишниот охриѓанец Петар Рупески по петти пат утрово го извади Чесниот крст од водите на Охридското Езеро. Тој и оваа година ќе носи среќа за Охрид, но и за цела Македонија, откако за прв пат го фати крстот во далечната 2005 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Охрид1/ФБ Климент Лотески

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука