Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Земјотреси во Албанија, почуствувани и во Охрид

Охрид, 19. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Не мирува тлото во соседна Албанија по серијата земјотреси, кои неодамна предизвикаа човечки жртви и огромна материјала штета.

По првиот земјотрес од 4,5 степени, со епицентар во источна Албанија, непосредно до границата со Република Македонија, попладнево е регистриран уште еден потрес со епицентар на само неколку километри од првиот, со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала.

И вториот беше почувствуван во Република Македонија, особено во северните и западните делови, а беше регистриран и од сеизмолошките мерни станици во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука