Спорт

Ѓоковиќ експресно против Ито, Чилиќ низ пет сета до третата рунда

Мелбурн, 22. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Марин Чилиќ во пет сета обезбеди пласман во третото коло на Австралија опен. За разлика од Хрватот, Новак Ѓоковиќ, експресно го мина второто коло на турнирот, додека Стефанос Циципас без борба се пласира во третата рунда.

Чилиќ во спектакуларен и драматичен меч, по три и пол часа борба, успеа да го совлада Беноа Пер со 6/2, 6/7, 3/6, 6/1, 7/6.Во третата рунда Чилиќ ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Мајкл Мо (САД) и Роберто Баутиста-Агут (Шпанија).

Минатогодишниот полу-финалист Стефанос Циципас без борба се пласира во третото коло. Германскиот ветеран Филип Колшрајбер му го предаде мечот на Гркот. Противник на Циципас во третот коло ќе му биде Чилеанецот Кристијан Гарино или Канаѓанецот Милош Раониќ.

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ

извор: Топспорт фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука