Избор Свет

Грција ја доби првата жена претседател на државата

Атина, 22. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Грчките пратеници денеска ја изгласаа Екатерини Сакеларопулу за претседателка на државата.

За неа гласаа 261 пратеник од 300 пратеници колку што има грчкиот парламент. Сакеларопулу, која ќе биде првата жена претседател на Грција, ја предложи актуелниот премиер и претседател на Нова Демократија Кирјакос Мицотакис.

Таа ќе ја преземе функцијата на 13-ти март кога истекува мандатот на актуелниот шеф на државата Прокопис Павлопулос. Шеесет и три годишната Сакеларопулу е судијка која има искуство со уставното право и правото на животната средина. (Крај)

извор: Р.С Европа фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука