Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Два килограми марихуана пронајдени кај жител на Албанија на автобуска станица во Струга

Струга, 22. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 21-ви јануари 2020 година, по добиени сознанија за вршење на транспорт на дрога од страна на 31-годишниот Т.С. од Република Албанија, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга презеле мерки и активности кон ова лице.

– Полициските службеници околу 15:50 часот, на автобуска станица во Струга, извршиле преглед на Т.С. и во неговиот багаж била пронајдена кеса со марихуана со тежина од околу 2 килограми, која била одземена и пратена на вештачење. Т.С. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица во Струга за понатамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука