Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Огревно дабово дрво без документација и марихуана пронајдени кај две лица од Охрид

Охрид, 22. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 21-ви јануари 2020 година, при преглед на патнички автомобил „Голф“ со охридски регистарски ознаки, управуван од страна на 31-годишниот Б.П.М. од Охрид, извршен на улица „Илија Смически“ во охридското село Лескоец, пронајдени се три метри просторни огревно дабово дрво без соодветна документација.

– Притоа, кај 26-годишниот Б.В. од Охрид-сопатник во возилото, пронајдена е марихуана. Пронајдените предмети се одземени и предадени за натамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука