Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Тасески закрепна, им се придружи на „гладијаторите“ на тренинзите

Охрид, 22. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот ракометар Иван Тасески успешно закрепна и им се продружи на „гладијаторите“ на подготовките во пресрет на пролетниот дел.

Заради повредата со која се здоби на натпреварот со битолски Пелистер беше приморан да отсуствува од ракометниот терен во неколкуте завршни средби во есенската полусезона во Супер лигата.

Фотографија на ГРК Охрид.

Охридските ракометари, по заслужената пауза, минатата недела ги стартуваа подготовките за пролетната полусезона. Есенската полусезона во Супер лигата ја завршија со 12 победи, едно реми и еден пораз, со што успеаа да се пласираат на втората позиција на табелата со 37 бодови, само еден помалку од лидерот Металург. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ГРК Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука