Економија Избор Македонија

Државата ќе им ги плаќа оброците на студентите

Скопје, 22. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Владата даде позитивно мислење за барањето на Собранието за предлог-законот за субвенциониран студентски оброк, а како што е најавено, токму овој предлог-закон денеска ќе биде разгледуван од Комисијата за финансирање и буџет.

Предлогот го поднесе партијата ЛДП, а во него се предвидуваат по 120 денари дневно или по 2.400 денари месечно за секој студент да може да си дозволи здрав студентски оброк.

Од партијата предлагаат право на субвенциониран студентски оброк да имаат студентите кои се државјани на Македонија и кои се запишани како редовни на додипломски студии, на државните или на приватните универзитети.

Правото на субвенциониран оброк студентите ќе може да го користат секој работен ден од 08:00 до 20:00 часот, но не и во периодот од 1-ви јули до 14-ти септември во годината, како и за време на државни, верски празници и во неработни денови. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука