Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Стружанец подигал пари од туѓа платежна картичка

Струга, 24. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга поднесе кривична пријава против 43-годишнито М.Е. од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

– На 4-ти ноември 2019 година, на улицата „Ристо Крле“ во Струга, оштетената, 65-годишната С.Ѓ. пријавила дека изгубила паричник со платежна картичка и пари. Пријавениот, истиот ден го пронашол паричникот и од банкомат со картичката противправно подигнал пари, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука