Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес претежно облачно време со температура до 7. степени

Охрид, 25. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во западните делови на Македонија денес не очекува претежно облачно, а во источните сончево време со умерена облачност.

По одделни котлини ќе има услови за утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 7. степени.

– Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време, по одделни котлини со утринска магла. Утре попладне, во текот на ноќта и во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег. И во текот на следната седмица ќе има услови за повремени врнежи, претежно во западните делови, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука