Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Иницијатива на охридскиот „Брег на младоста“ за регулација на акцијаштвото како значајна волонтерска активност

Скопје, 25. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на иницијативата на здружението на граѓани „Брег на младоста“ од Охрид, вчера во Скопје се одржа тркалезна маса на која присуствуваа претставници на повеќе волонтерски организации од целата држава.

Официјални предлагачи на иницијативата беа пратениците Рубин Земон, Зеќир Рамчиловиќ и Панче Иванов, во соработка со Парламентарниот институт.

Image may contain: 4 people, people sitting, table and indoor

– Целта на иницијативата и тема на дебатата беше разгледувањето на можностите за формално-правна регулација на акцијаштвото како значајна волонтерска активност, информираат организаторите.

Image may contain: 17 people, people standing

Настанот се одржа во Едукативниот центар на Парламентарниот институт. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука