Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Девет лица со фалсификувани пасоши проведени на охридскиот аеродром

Охрид, 25. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 24-ти јануари 2020 година, во 10:00 часот на Граничниот премин „Свети Апостол Павле“ на излез од Република Македонија, од Охрид се пријавиле да патуваат Л.Д.(32), Л.М.(31), Н.Н.З.(32), Н.К.(19), Н.М.(45), Н.А.(47), Н.Х.(24) и двајца малолетници на возраст од шест и 14 години, сите со израелски патни исправи.

– Од извршените проверки било константирано дека патните исправи биле фалсификувани. При преглед во нивните патни торби биле пронајдени нивните оргинални патни исправи при што било утврдено дека биле турски државјани: Ц.M.A.(33), Ц.M.B.(31), M.M.(33), Б.Б.Б.(19), Б.С.(45) Б.M.(47), Г.M.(24) и двајца малолетници на возраст од шест и 14 години. Лицата биле приведени и предадени на полициски службеници за понатамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука