Спорт

Наполи е заинтересиран за грчки дефанзивец

Неапол, 28. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – По пишувањето на Газето Дело Спорт, Наполи е заинтересиран за левиот бек на ПАОК Димитрис Џанулис.

Имено, Наполи веќе некое време бараше алтернатива за Марио Руи на левиот бек, со оглед на тоа што формата на Фаозуи Кулам драматично опадна по две сериозни повреди.

Новинарот на „Газето“, Николо Шира, тврди дека токму во Џанулис, Наполи гледа замена за Гулам.

24-годишниот Џанулис е во ПАОК од 2014 година, а во меѓувреме помина на неколку позајмици. Сепак, од минатиот јануари кога се врати од позајмица, го зацементира своето место во почетниот состав на ПАОК.

Шира исто така смета дека Наполи нашол повеќе засилувања во Грција, осврнувајќи се на два играчи од Олимпијакос, Леонард Кутрис и Константинос Цимикас. Тоа се играчите кои исто така ја покриваат позицијата лев бек. (Крај)

извор: Super sport фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука