Економија Избор Свет

Ќе се укинат монетите од еден и два евро-цента

Берлин, 28. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Европска комисија планира укинување на монетите од еден и два евро-цента, објави германскиот весник „Зидојче цајтунг“.

Весникот истакнува дека ЕК утре ќе ја претстави програмата за работа што го содржи предлогот „единствено правило на заокружување“ со цел да се укинат најмалите монети.

Во извештајот на ЕК од 2018 година се наведува дека поголем број земји-членки од еврозоната преминале на заокружување на цените на пет центи.

Според извештајот со укинувањето на еден и два цента би се заштедило на трошоците на производство, но и на нивното броење и транспорт. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука