Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривична за охриѓанец, сторител на неколку разбојништва

Охрид, 28. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 49-годишниот П.П. од Охрид.

– На лицето му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Тој, во периодот од 17-ти до 26-ти овој месец влегол во аптеки лоцирани на булеварот „Туристичка“ и „Сирма Војвода“ како и во една продавница на улица „Ристо Чадо“ и со закани кон вработените, од касата одземал пари. На тој начин, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука