Избор Култура ТОП ВЕСТИ

„Медена земја“ денес и утре повторно ќе се прикажува во Охрид

Охрид, 29. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – „Медена земја“, документарниот филм номиниран за Оскар во две категории повторно ќе се прикажува во Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, на 29-ти, 30-ти јануари и 8-ми февруари 2020 година.

Ова е прв пат во светската филмска историја документарен филм да добие две номинации во иста година за наградите на Академијата.

„Земи половина од медот, половина остави за пчелите“

По ова правило за баланс со природата се води Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Но, кога во нејзиното соседство ќе се досели номадско семејство-пчелари, таа се соочува со сериозен предизвик, да ги спаси пчелите и да ја зачува природната рамнотежа на земјата. Ако еден го прекрши правилото, сите ја плаќаат цената.

Филмот трае 85 минути, а режисери се Љубо Стефанов и Тамара Котевска. Сниматели се Фејми Даут и Самир Љума, а продуцент и монтажер е Атанас Георгиев. Музиката ја напиша групата „Фолтин“, а главни протагонисти се: Атиџе Муратова, Назифе Муратова, Хусеин Сам, Љутвие Сам, Музафер Сам.

Билетите се продаваат по цена од 100 денари, а проекциите започнуваат во 20:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука