Спорт

Чалханоглу и Ибра во драматични продолженија ги однесоа Милан во полуфиналето на Копа Италија (видео)

Милано, 29. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Хакан Чалханоглу и Златан Ибрахимовиќ постигнаа голови во продолженијата за да му донесат на Милан 4:2 победа над Торино во четврт-финалето од Копа Италија и дуел со вечниот ривал Јувентус за место во финалето.

Милан имаше рано водство на „Сан Сиро“ во потрага по петта победа едноподруго, но дефанзивецот на Торино Бремер постигна два гола и направи пресврт, пред Чалханоглу во финишот на натпреварот да израмни на 2:2 по регуларните 90 минути.

Торино беа очајни за добар резултат откако дома загубија со 7:0 од Аталанта, а мечот на „Сан Сиро“ започна со посебно видео за кошаркарската легенда Коби Брајант, кој беше страствен навивач на Милан. Серија А им дозволи на Милан да носат црни ленти на раката, но не и минута молк како што беше најавено.

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ

извор: Топспорт фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука