Спорт

НБА: Мидлтон го одигра мечот на кариерата, тежок пораз на Далас (Видео)

Кливленд, 29. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Милвоки Бакс без најдобриот играч Јанис Адетокумбо ги декласираа Вашингтон Визардс. Мечот го обележаа Крис Мидлтон и Ерик Бледсо кај Милвоки, односно Бредли Бил кај Вашингтон. Синоќа тежок пораз на домашен терен од Финикс Санас доживеаја Далас Маверикс.

Милвоки Бакс со 151:131 забележаа победа над Вашингтон Визардс. Бакс ја забележаа деветтата победа во низа и со скор 41/6 го држат првото место во лигата.

Во отсуство на Јанис, лидерската улуга кај Бакс ја презеде Крис Мидлтон. Бекот на Милвоки го одигра натпреварот на кариерата, постигна 51 поен (7/10 тројки), на кои придодаде 10 скока и шест асистенции.

Брилијантниот Мидлтон голема помош доби од Ерик Бледсо (34 поени, шест скока, 10 асистенции).

Бредли Бил не можеше да го поништи учинокот на овие двајца. Бил дуелот го заврши со 47 поени и шест асистенции.

Далас Маверикс доживеаја тежок пораз на домашен терен од Финикс Санас 104:133. Санс третата четвртина ја добија со 48:22 кога и го решија прашањето околу конечниот победник.

Девин Букер (32 поени, шест скока, девет асистенции) и Диандре Ејтон (31 поен, девет скока) го предводеа Финикс. Кај Далас се истакна Лука Дончиќ со 21 поен, шест скока.

Резултати:

Шарлот-Њујорк 97:92
Филалделфија-Голден стејт 115:104
Кливленд-Њу Орлеанс 111:125
Торонто-Атланта 130:114
Мемфис-Денвер 104:96
Мајами-Бостон 101:109. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука