Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Полицијата заплени 20 парчиња пастрмка и рибарски мрежи

Охрид, 29. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Охридската полиција во автомобил пронајде и одзеде охридска пастрмка и рибарски мрежи.

На 27-ми овој месец во 19:45 часот, при преземени мерки на подрачјето на населбата Пештани, полициските службеници запреле патнички автомобил „Рено“ со охридски регистарски ознаки. Притоа, од возилото, излегле две лица и започнале да бегаат по што исфрлиле една вреќа со 2 риболовни мрежи и 20 парчина риба Охридска пастрмка.

По преземени мерки, констатирано е дека патничкиот автомобил е управуван од И.Л.(56) од Пештани. Риболовните мрежи и уловената пастрмка, се предадени во Хидробиолошкиот завод.

СВР Охрид работи на целосно расветлување на настанот по што ќе поднесе соодветна пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука