Економија Локална самоуправа

Почна со работа затворениот зелен пазар

Охрид, 5. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска почна со работа затворениот зелен пазар во Охрид. Конечно охридските пазарџии ќе имаат достојно место каде ќе ги продаваат своите производи.

Административно деловната зграда во која е сместен пазарот беше отворена на средината на декември минатата година, а е изградена по пат на јавно приватно партнерство. На приземјето е зелениот пазар со 190 нови тезги уредени по ХАСАП стандарди, хол, лифт, подвижни скали, пристапни рампи и санитарни јазли за лицата со посебни потреби. Има четири категории на тезги кои имаат и различни цени за закуп.

Фотографија на ЈП Градски Пазар Охрид.

Фотографија на ЈП Градски Пазар Охрид.

Фотографија на ЈП Градски Пазар Охрид.

Во подземјето е сместен паркинг од 3.433 м² и техничките одделенија на објектот.

Изградбата на овој проект „тежеше“ 3,5 милиони евра, изграден е по најсовремени стандарди и значи модернизирање на условите за работа, исполнување на стандардите за трговија со земјоделски и прехрамбени производи и подобрување на условите за граѓаните и компаниите од Охрид и охридскиот регион. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ЈП „Градски пазар“

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука