Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Нов личен рекорд за стрелачката Јована Милевска на „Војводина Куп 2020“

Охрид, 5. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Успешен настап на македонските стелци, меѓу кои двајца охриѓани на претстижното Интернационално првенство со воздушно оружје на 10 метри „Војводина Куп 2020“ што се одржа во Нови Сад, Србија.

Нашата најдобра јуниорка Јована Милевска се натпреваруваше во дисциплината Air Rifle Women 60 junior, а Михаил Шишкоски во дисциплината Air Rifle Men 60.

Милевска се пласира на шестото место, но успеа да постави нов личен рекорд од 614.9 кругови. Во севкупен пласман жени таа се пласира на 12-тата позиција од вкупно 31 натпреварувачка. Во нејзина категорија не се пукаше финале на кое таа би влегла како 6-то пласирана, а за влез во финалето на сениорките и беа потребни уште 3.1 кругови.

Шишкоски пак заврши на 12-то место со резултат од 598.4 кругови, подобрувајќи го својот резултат од настапот во Белград за 10-тина кругови.

Во втората половина на месецов стартуваат Куп натпреварите на Македонската спортска стрелачка федерација, а Јована Милевска е пријавена и за учество на Европско првенство што од 23-ти февруари до 2-ри март ќе се одржува во Вроцлав, Полска.

извор: ОхридПрес фото: МССФ

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука