Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Валентин Ѓорѓиески од Охрид е добитник на Милионер џек пот

Скопје/Охрид, 5. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Државна видеолотарија соопшти дека имаат уште двајца нови добитници на Милионер џек пот.

Станува збор за Валентин Ѓорѓиески од Охрид и Насер Арифовски од Кратово кои се новите добитници на најпосакуваната добивка Милионер џек пот.

Ѓорѓиевски, својот Милионер џек пот го освоил на 19-ти јануари во Глобалкод во Охрид. По чекот од 1.389.997 денари добитникот пристигна придружуван од своите пријатели. Радосен ни откри дека со парите од најпосакуваната добивка, посакува да започне сопствен бизнис.

Џек Пот добивките, Државна Видеолотарија ги стартуваше на први јуни 2016. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Досега под мотото „Играј за забава“, освоени се 323 Милионер џек пот добивки во вкупен износ од 480.837.662 денари. Покрај нив, освоени се и 61.427 Мини џек пот добивки во вкупен износ од 320.937.860 денари.

Мини џек пот добивките се во вредност од 4 илјади до 5 илјади денари, додека најпосакуваната Милионер џек пот добивка е вредна од 1,2 милиони до 1,8 милиони денари. (Крај)

извор: мкд.мк фото: мкд.мк

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука