Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Нов циклус на програмата „Млади лидери создаваат иднина“

Охрид, 5. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – По успешно завршените два циклуси од програмата „Млади лидери создаваат иднина“, Црвен крст Охрид најавува нов циклус на спроведување на оваа програма за млади.

– Програмата „Млади лидери создаваат иднина“ е наменета за ученици од деветто одделение до трета година средно образование. Црвен крст Охрид ја нуди оваа програма со цел да им овозможи на младите охриѓани да ги зајакнат своите лидерски вештини и како лидери да земат учество во живеењето на заедницата, како и да стекнат вештини и ресурси потребни за да се стремат кон компетитивни работни кариери. Во текот на петнаесет седмици, колку што ќе трае претстојниот циклус на реализација на Програмата, учесниците ќе посетат четиринаесет работилници одржани од одлично подготвени обучувачи и дизајнирани за јакнење на животни, работни и вештини за граѓанско лидерство; ќе присуствуваат на Панел за кариера за време на кој неколку успешни сограѓани ќе зборуваат и ќе одговараат на прашања за својот кариерен пат и за образовните квалификации и вештините потребни за да се успее во нивните професии; ќе добијат можност да ги применат новостекнатите знаења самостојно разработувајќи и остварувајќи идеја за проект од корист за заедницата; ќе проследат презентацијаизработена однадворешни соработници за да дознаат повеќе за можностите за едукација, волонтирање и работа за младите луѓе од нашата држава, информираат организаторите.

Учеството во програмата „Млади лидери создаваат иднина“ е бесплатно. Црвен крст Охрид упатува покана до сите заинтересирани ученици да се пријават за учество од денес, 5-ти февруари 2020-та до 15-ти февруари 2020-та година, и тоа: телефонски, на 046/262-706 и 070/315-309; лично, во просториите на Црвен крст Охрид или online, на следниот линк.

Image may contain: text

Првата работилница ќе се одржи на 18-ти февруари 2020 година со почеток во 19:30 часот.

За повеќе информации за „Млади лидери создаваат иднина“ посетете ја Facebook страницата на програмата, или повелете во просториите на Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука