Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

На дебранец му нашле хероин, се обидел да го проголта

Струга, 7. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 6-ти февруари 2020 година, на регионалниот пат Дебар-Струга, во близина на браната „Шпиље“, при преглед на патничко возило марка „Шкода“, со дебарски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(39) од Дебар, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Дебар, кај сопатникот Р.Ј.(33) од Дебар, пронашле и одзеле хероин, кој тој се обидел да го проголта.

– При претрес во неговиот дом, извршен подоцна врз основа на судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана. Р.Ј. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука