Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Кај „Лабино“ вчера настрадал 64-годишен скопјанец

Охрид, 8. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – 64-годишниот К.С. од Скопје е лицето кое вчера, нешто по 13:00 часот настрада по пад од висока карпа во близина на Канео, кај плажата „Лабино“.

Вчера во 13:46 часот, Планинската спасителна служба (ПСС) примила дојава од страна на СВР Охрид, за случена несреќа на карпест и тешко пристапен терен во месноста „Лабино“.

– Шестчлена екипа од ПСС, веднаш пристигна на местото на несреќата, но за жал, поради тежината на падот и сериозноста на повредите, беше невозможно да се направи било што за да се спаси животот на настраданото лице. По пад од голема висина, телото на настраданиот се наоѓаше во близина на езерската површина, каде со поддршка од пловен објект на граничната полиција, смртта ја констатира лекар од Итната медицинска помош по што беше спроведена соодветна увидна постапка за утврдување на причините за падот, информираат од Планинската спасителна служба. (Крај)

извор: Центар.мк/ППС фото: ППС

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука