ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охрид повторно хуман, бројни акции за помош на Сандра и Ева

Охрид, 12. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Како и многу пати досега, охриѓани повторно ја докажуваат својата хуманост.

Бројни акции се организираат скоро секојдневно за помош на Ева и Сандра. Концерти, собирни акции, планинарски искачувања, хуманитарни иницијативи во компании, училишта…

На 9-годишната Сандра ѝ е дијагностициран Миелодиспластичен синдром (MSD), група на малигни заболувања, кои го спречуваат созревањето на клетките на коскената срж, односно не дозволуваат овие клетки да се развијат во здрави.

Сите хумани и добронамерни луѓе кои се во можност да помогнат, истото можат да го сторат на следниот начин:

Број за донации на А1: 143470

200002729851107 MKD

банка: Стопанска банка АД Скопје

SWIFT CODE:STOBMK2X

IBAN: MK07200002729853241 EUR

beneficiary: Lenche Nicheska

адреса: село Коњско, Охрид

Дополнителни информации можат да се добијат на телефонот: ++0038978277256.

Image result for helping hand

Помош е потребна и за 12-годишната Ева од Охрид која боледува од тумор на мозокот, Pilocytic Astrocytoma.

Во текот на февруари 2020 година, Ева треба да замине на радио-терапија во Турција, која заедно со приемните прегледи чини 18.500 евра. Родителите на Ева не се во можност да ги обезбедат потребните средства, па затоа да ја покажеме уште еднаш сите заедно нашата хуманост и да помогнеме.

Сите хумани луѓе можат да помогнат со донации на следните начини:

– жиро сметка за донации од Македонија: 240127104572478, УНИ Банка, Зоран Колоски

– за донации надвор од Македонија: IBAN: MK7240127104572478 (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука