Со песната „You“ на охриѓанката Невенка Нешкоска, Васил Гарванлиев ќе ја претставува Македонија на Eurosong 2020 во Ротердам
Скопје/Охрид, 14. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – По преслушување на пристигнатите композиции на јавниот повик, како и детална анализа на понудениот музички квалитет од страна на домашните, но и автори од странство, Македонската Радио Телевизија заедно со овогодинешниот евровизиски претставник Васил Гарванлиев одлучи композицијата со наслов „You“, на авторот Невенка Нешкоска, да биде песната со којашто Васил ќе настапи на Eurosong 2020 во Ротердам.
Невенка Нешкоска е македонска композиторка и продуцент, родена во Охрид, но порасната во Чикаго. Невенка има завршено на отсекот за композиција на колеџот за музика „Беркли“ во Бостон и е добитник на награда за најдобра светска песна на „USA Songwriting Competition“. Во моментов се работи на продукциско оформување на песната, по што следуваат и повеќе детали за неа, како и официјалниот датум на промоција.
Повеќе за Нешкоска од интервјуто за Супер радио и OhridPress. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |