Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Работите за санација и реконструкција на колекторот се одвиваат според планот

Охрид, 15. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Работите за санација и реконструкција на колекторскиот систем долж крајбрежјето на Охридското Езеро се одвиваат според планот и уште ова лето езерото ќе има чиста и безбедна вода за капење, истакна премиерот Оливер Спасовски при последната посета на Охрид.

За реконструкцијата се обезбедени 4,2 милиони евра од државниот Буџет. До крајот на овој месец ќе се санираат делниците од Лагадин кон Пештани, како и од населбата Далјан до Подмоље.

Веднаш потоа ќе стартуваат и работите по целата останата должина на колекторот долж охридско-струшкиот брег. Паралелно со овие реконструкциски и санациски работи се сервисираат и редукторите на пумпите на пречистителните станици за обезбедување на целосната функција на колекторскиот систем. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука