Три медали за џудо клубот „Дрим“ од Струга на Меѓународен куп во Требиње
Струга, 18. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Со три медали се вратија натпреваруачите на џудо клубот „Дрим“ од Струга од 27-от Mеѓународен џудо куп „Trebinje 2020 X Memorijal Milos Mrdic“ во Требиње, Босна и Херцеговина.
Учествуваа 10 држави, 59 клубови и 550 натпреварувачи. Струшкиот клуб учествуваше со шест натпреварувачи, а освојија два златни и еден сребрен медал.
Доријан Петкоски – 22 кг. и Христијан Глигороски – 90 кг. освоија златни медали, а Марио Нелоски – 50кг. Заврши на втората позиција.
Во одлично светло се покажаа и Илија Тодороски, Андреј Славкоски и Андреј Симоноски, но не успеаа да се закитат со медал. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |