Избор Свет

Милановиќ и официјално е нов претседател на Хрватска

Загреб, 18. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Зоран Милановиќ и официјално е нов претседател на Хрватска, откако точно напладне со давање свечена заклетва се обврза дека функцијата ќе ја врши совесно и одговорно.

Како што јави дописникот на МИА, Милановиќ заклетвата ја прочита на мала церемонија на Пантовчак, во присуство на своето семејство, на сега веќе поранешната претседателка Колинда Грабат-Китаровиќ, премиерот Пленковиќ и претседателот на Собранието.

Во говорот Милановиќ кажа дека за време на својот мандат ќе работи на обединување на цела Хрватска и дека ќе гради добри односи пред се со соседните држави. Тој се осврна и на потребата за унапредувањето на демократијата

– Независноста на медиумите, судството и научната јавност е од клучно значење во борбата против тиранијата. Патриотизам е афирмација на вредности кои не прават подобро општество. Наша цел е ниеден граѓанин да не се чувствува исклучен од општеството – кажа Милановиќ. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука