Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Полицијата пронајде дрога кај две лица од Охрид

Охрид, 18. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 23-годишниот К.Н. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

– На 22-ри август 2019 година, на улицата „15-ти Корпус“ во Охрид, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле амфетамин, марихуана и метилен-диоксиметамфетамин (MDMA), информираат од МВР.

Во друг случај, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 29-годишниот Ѓ.Т. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

– Пријавениот, на 24-ти април 2019 година, на Кеј „Македонија“ на лицето А.Г. му продал кокаин. После тоа, полициски службеници извршиле преглед над А.Г. , при што го пронашле и одзеле кокаинот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука