Сообраќајка на Булевар „Туристичка“
Охрид, 20. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајна незгода се случи утрово, после 07:00 часот на пресекот на Булевар „Туристичка“ со улицата „Даме Груев“.
Во незгодата учествуваа автомобил „Пежо Партнер“ со охридски регистарски ознаки и џип „Мерцедес“ од Албанија.
Според првичните информации, во незгодата нема повредени, а е причинета поголема материјална штета. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |