Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 11. степени

Охрид, 23. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 11. степени.

– Во следните денови ќе биде суво со мала до умерена облачност. Утрово ќе е доста студено, а потоа утринските температури ќе се покачат. Ќе дува и повремено силен ветер најизразен во понеделник и среда. Од вечерта кон четврток од запад ќе започнат врнежи кои ќе се претежно од дожд, а на планините од снег. Во четврток од изутрина особено во западните делови и на север врнежите од дожд понекаде ќе преминуваат во врнежи од снег, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука