Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Неша Галија со два настапи во Sky Corner, на 28-ми и 29-ти февруари

Охрид, 23. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Фронтменот на легендарната српска рок група Галија, Ненад Милосављевиќ, познат како Неша Галија, ќе одржи два настапи во охридски Sky Corner.

– Повелете заедно да се потсетиме на почетоците на рок музиката на балканските простори и заедно да уживаме во препознатливиот вокал на Неша, облагороден со звуците на неговата гитара. Имаме два датуми за да можат да го проследат концертот сите почитувачи на неговата музика. Ве очекуваме на 28-ми и 29-ти февруари со два врвни настани да го заокружиме најкраткиот месец во годината. Музиката на Галија е спој на повеќе генерации, затоа повелете, Ве очекуваме СИТЕ, порачуваат од Sky Corner.

Сите заинтересирани дополнителни информации можат да добијат на телефоните: 078/312-787 и 071/901-574. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука