Економија Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Ново поскапување на бензините и дизелот

Скопје/Охрид, 24. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Од полноќ, нови повисоки цени на бензините и дизелот.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на бензините и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за еден денар. Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 67 денари за литар, на Еуросупер БС-98 ќе биде 69 денари, додека Екстра лесното масло ќе се продава за 47,50 денари по литар.

Еуродизелот (Д-Е V) поскашува за половина денар и литар ќе се точи за 58,50 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,425 ден/кг и ќе се продава за 33,565ден/кг.

Овие цени ќе важат до следниот понеделник. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука