Езерското ниво под просекот за февруари, за една недела пораснало за 4 сантиметри
Охрид, 25. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на водата во Охридското езеро и натаму под просекот за февруари.
Според денешните мерења на УХМР водата е на кота од 693,34 м.н.в што е за 7 сантиметри под просекот за месецов (693,41 м.н.в).
Споредено со минатата недела езерското ниво се зголемило за четири сантиметри. Температурата на езерската вода е 7,5 степени. Значително под месечниот просек се и нивоата на реките Црн Дрим и Сатеска.
Денес преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 15. степени.
– До утре ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност и топло преку денот. Под влијание на влажен бран кон крајот на утрешниот ден и во четврток ќе настапи наоблачување со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува засилен западен и северозападен ветер, а дневната температура значително ќе се намали, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |