Охрид, 26. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Денес во Охрид ќе се промовира новата политичка опција на престојните парламентарни избори „Македонска независна листа“.
– Листата е составена од доследни Македонци, поединци и организации како „Движење Бојкотирам“, „мир“, Ера Трета“ и други. Ќе биде извршена и презентација на акциониот план „Ера Трета“, идеја која ги обединува сите граѓани од земјата и странство, за стабилна, преспективна Македонија, респектирана во регионот и Европа, информираат организаторите.
Конференцијата за печат ќе се одржи денес, 26-ти февруари 2020 година, со почеток во 12:00 часот, во хотел „Гарден“ во Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 26