Избор Ретки болести 2020 ТОП ВЕСТИ

Во ОУ „Григор Прличев“ се одбележа Денот на ретките болести

Охрид, 26. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа во ОУ „Григор Прличев“ во Охрид се одбележа Денот на ретките болести.

Гордана Лолеска од Здружението на лица ретки болести „Живот со предизвици“ посочи пред присутните на проблемите со кои се соочуваат овие лица, дека во светот постојат над 6.000 ретки болести, за само 250 од нив има некаков лек и дека тешкото дијагностицирање и недостапноста на лековите се само дел од нив.

Image may contain: one or more people and people standing

– Нашите ученици, родители и вработени се вклучени во оваа кампања за подигање на свеста за „ретките“. Ученичките Матеа Стоев и Нина Стевоска имаа презентација за ретките болести. Оваа презентација беше поглед кон „реткоста“ низ призма на детските очи. Нашиот ученик Марко Пејчиновски е пример за реткоста и храброста. Полни со емоции, тие испратија силна порака – Ретко е да си редок! Но реткоста е особина која нè следи во животот, бидејќи само храбрите се ретки. Покрај презентацијата по повод одбележувањето се реализираа и интерактивни спортски активности помеѓу децата и нивните родители. Полна училишна сала која уживаше во моментите на дружба и игра, информираат од училиштето.

Image may contain: one or more people, people sitting, people playing sports and basketball court

Додаваат дека учениците, заедно со своите родители и наставници испратија силна порака кон ретките:

„Вие сте како детелина со четири лисја! Причинувате среќа! А ние нашите раце ги подаваме кон вас… За да ви кажеме… Ретки сте затоа што сте храбри!“ (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука