Избор Локална самоуправа ТОП ВЕСТИ

Охрид ги чествува Марко Бошнаков, Андон Дуков и Кирил Прличев

Охрид, 26. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид со повеќе настани ќе ги одбележи годишнините од смртта на Марко Бошнаков и Андон Дуков и 145 години од раѓањето на Кирил Прличев.

Утре, 27-ми февруари, во 11:00 часот, ќе се одбележи годишнината од смртта на гемиџијата Марко Бошнаков. Пред спомен плочата на родната куќа на Бошнаков ќе биде положено свежо цвеќе, а историски час за гемиџијата ќе одржи професорот по историја Ристо Николески.

Во петок, 28-ми февруари, во 11:00 часот, општина Охрид и ОО на Сојуз на борци од Охрид и Дебрца ќе ја одбележат годишнината од смртта на Андон Дуков. На спомен обележјето на Дуков во градскиот парк ќе биде положено свежо цвеќе, а ќе се обрати претседателот на ОО на Сојуз на борци од Охрид и Дебрца, Гоце Георгиески.

Истиот ден, ќе се одбележи и јубилејот-145 години од раѓањето на Кирил Прличев. Во Прличевата одаја во охридската библиотека од 11:15 часот историски час за ликот и делото на Прличев ќе одржи професорот по историја, Климент Спасески. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

 

 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука