Спорт

Ф1: Хамилтон и Фетел со огромни плати, Расел и Џовинаци ќе возат за „ситно“

Лондон, 26. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Луис Хамилтон повторно е најплатениот Формула 1 возач и во сезоната 2020, во која го комплетира својот повеќегодишен богат договор со Мерцедес, тим кому му донесе пет титули во шест години.

Хамилтон ќе заработи 48 милиони евра во 2020, но ниту неговиот ривал од Ферари, Себастијан Фетел нема да помине лошо – тој ќе добие 42 милиони евра. Далеку зад нив двајца на третото место е Даниел Рикардо во Рено, кој ќе добие 18 милиони, а значително зголемување на платата добиваат и Шарл Леклер во Ферари (9 милиони евра) и Макс  Ферстапен во Ред бул (16 милиони евра).

Од другата страна, Антонио Џовинаци во Алфа Ромео и Џорџ Расел од Вилијамс ќе бидат најслабоплатените возачи, тие ќе добијат „скромни“ 200.000 евра.

ПЛАТИТЕ НА Ф1 ВОЗАЧИТЕ, 2020

1.Луис Хамилтон (Мерцедес) 48.000.000 евра

2.Себастијан Фетел (Ферари) 42.000.000 евра

3.Даниел Рикардо (Рено) 18.000.000 евра

4.Макс Ферстапен (Ред бул) 16.000.000 евра

5.Шарл Леклер (Ферари) 9.000.000 евра

6.Валтери Ботас (Мерцедес) 7.500.000 евра

7.Кими Раиконен (Алфа Ромео) 4.000.000 евра

8.Карлос Саинс Јуниор (Мекларен) 3.500.000 евра

9.Серхио Перез (Рејсинг поинт) 3.000.000 евра

10.Естебан Окон (Рено) 1.500.000 евра

11.Александер Албон (Ред Бул), 1.200.000 евра

12.Ленс Строл (Рејсинг поинт), 1.000.000 евра

13.Роман Грожан (Хас) 1.000.000 евра

14.Кевин Магнусен (Хас) 1.000.000 евра

15.Пјер Гасли (Алфа таури) 400.000 евра

16.Данил Квјат (Алфа таури) 275.000 евра

17.Лендо Норис (Мекларен) 225.000 евра

18.Антонио Џовинаци (Алфа Ромео) 200.000 евра

19.Џорџ Расел (Вилијамс) 200.000 евра

20.Николас Латифи (Вилијамс) не е откриена сумата. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука