Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривични за охриѓанец и три лица од Прилеп поради користење лажна исправа и „помагање“

Охрид, 26. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.К.(35) од Прилеп, Д.К.(35) од Прилеп, З.Р.(36) од Охрид и К.М.(31) од Прилеп поради постоење основи на сомнение дека првопријавениот сторил кривично дело „фалсификување исправа“ и „злоупотреба на лични податоци“.

– Второ, трето и четврто пријавените заработија кривични пријави поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „помагање“. На 22.07.2019 година, полициски службеници при утврдување на идентитет на четворицата во населбата Пештани-Охрид, утврдиле дека првопријавениот покажал фалсификувана лична карта со негова слика, а со име од друго лице. Врз пријавените извршен бил преглед при што пронајдени биле предмети кои биле наменети за вршење на провални кражби. Пријавените се повикани во СВР Охрид и при извршување на разговори првопријавениот повторно приложил фалсификувана лична карта со негова слика, а второ, трето и четврто пријавените знаеле дека првопријавениот користи фалсификувана лична исправа и врши злоупотреба на друго лице но истите го прикриле делото, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука