Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Полицијата пронајде сигнален пиштол без документи кај лице од Вевчани

Струга, 26. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 25-ти февруари 2020 година, во 21:20 часот во близина на струшката населба „Теферич“, полициски службеници на СВР Охрид запреле патничко возило „Хјундаи“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од страна на лицето Г.П. од Вевчани.

– При преглед во возилото, под совозачкото седиште бил пронајден сигнален пиштол „Олимпик 38“ калибар 3,809 милиметри, кој совозачот во автомобилот, 20-годишниот О.Д. од Вевчани нелегално го поседувал. Тој бил приведен во Полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука