Избор Култура Струга ТОП ВЕСТИ

Филмот „Дедо и внук“ следната недела ќе се прикажува во Струга

Струга, 27. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга на 4-ти и 5-ти март 2020 година ќе се прикажува филмот „Дедо и внук“.

Режисер на филмот е Илија Пиперкоски, продуцент е Огнен Антов, директор на фотографија е Романецот Патру Паунеску, а монтажата ја направи Данчо Стефков.

Главните улоги ги толкуваат Дејан Лилиќ, Салаетин Билал, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и Наум Цветкоски.

Image may contain: 1 person, text

Проекциите започнуваат во 20:00 часот, а билетите се продаваат по цена од 100 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука