Избор Локална самоуправа ТОП ВЕСТИ

Чествувања за Марко Бошнаков, Андон Дуков и Кирил Прличев во Охрид

Охрид, 27. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид со повеќе настани ќе ги одбележи годишнините од смртта на Марко Бошнаков и Андон Дуков и 145 години од раѓањето на Кирил Прличев.

Денес од 11:00 часот ќе се одбележи годишнината од смртта на гемиџијата Марко Бошнаков. Пред спомен плочата на родната куќа на Бошнаков ќе биде положено свежо цвеќе, а историски час за гемиџијата ќе одржи професорот по историја Ристо Николески.

Утре од 11:00 часот, општина Охрид и ОО на Сојуз на борци од Охрид и Дебрца ќе ја одбележат годишнината од смртта на Андон Дуков. На спомен обележјето на Дуков во градскиот парк ќе биде положено свежо цвеќе, а ќе се обрати претседателот на ОО на Сојуз на борци од Охрид и Дебрца, Гоце Георгиески.

Во текот на утрешниот ден ќе се одбележи и јубилејот-145 години од раѓањето на Кирил Прличев. Во Прличевата одаја во охридската библиотека од 11:15 часот историски час за ликот и делото на Прличев ќе одржи професорот по историја, Климент Спасески. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука