Спорт

Марија Шарапова оди во пензија

Њујорк, 27. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Некогаш најдобрата тенисерка во светот Марија Шарапова (33) поради проблеми со повредите ќе стави крај на кариерата, објави „Њујорк Тајмс“.

Шарапова долго време се обидуваше да се врати во вистинската форма по суспензијата која ја доби поради допингот на Авастралија опен во 2016 година, но не успеа да се избори со повредите.

Во кариерата руската тенисерка освоила 36 титули, пет од нив се од грен-слем турнирите. Една е од ретките која во кариерата победила на сите гренд-слем турнири (Австралија опен (2006), Ролан Гарос (2008), Вимблдон (2004), Ју-Ес опен (2012, 2014). Има освоено и сребрен медал на Олимписките игри во Лондон во 2012 година.

Од турнирите во кариерата заработила повеќе од 40 милиони долари. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука