Спорт

Пеп и Сити го освоија „Сантијаго Бернабеу“, Јувентус загуби во Лион (видео)

Мадрид, 27. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Манчестер сити успеа да стигне до фантастична 2:1 победа во дуелот на „титаните“ на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал Мадрид, благодарение на неверојатниот Кевин де Брујне, кој имаше гол и фантастична асистанција, за тимот на Пеп Гвардиола да остане фаворит за трофејот од ЛШ кај букмејкерите, додека Јувентус на Маурицио Сари ќе мора да се потруди на домашниот меч против Лион, откако си замина од Франција со 1:0 негатива.

Реал Мадрид немаше најдобро прво полувреме, во кое упати само три удари на голот, најмалку на „Бернабеу“ од ноември 2013 година, додека Сити покрај тоа што успеаја да ги минимизираат шансите на противникот, имаа и неколку добри шанси.

Откако Ријад Марез пропушти две шанси на почетокот на второто полувреме стигна казната во 60-тата минута од мечот, кога по грешката на Илкај Гундоган, Жуниор Винисиус и Иско имаа одлично проигрување и Иско успеа да го совлада Едерсон.

Целиот текст овде

извор: Топспорт фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука