Спорт

НБА: Дончиќ го реши дербито на Тексас (Видео)

Далас, 27. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Лука Дончиќ со 21 трипл-дабл во кариерата ги предводеше Далас маверикси до победа над Сан Антонио, 109:103.

Словенецот натпреварот го заврши со 26 поени, 10 скока, 14 асистенции, но и седум „продадени“ топки. Тој погоди 50 отсто од обидите за два поена (7/14), 27 отсто за три (3/11), а погоди и три од четирите слободни фрлања.

Со 21 трипл-дабл во кариерата, како играч на Маверикс, Дончиќ во својата втора сезона се израмни со легендарниот Џејсон Кид на првото место, на вечната листа кај оваа франшиза.

Покрај Дончиќ, во победата над Спарс, блескаше и Летонецот Кристап Прозингинс со 28 поени и 12 скока.

Кај Спарс се истакна Демар Дерозан со 27 поени, осум скока и девет асистенции. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука