Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Внимателно ако патувате кон Скопје, слаб снег на „Стража“

Охрид, 27. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Снегот, кој со слаб интензитет провејуваше ноќеска го отежна движењето на планинскиот превој „Стража“.

Читатели на OhridPress испратија фотографии од превојот, направени нешто по 11:00 часот, на кои се гледа дека на коловозот се’ уште има снег и дека сообраќајот се одвива во отежнати услови.

Image may contain: sky and outdoor

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. (Крај)

извор: ОхридПрес/АМСМ фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука