Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Пронајдени 1,7 килограми марихуана во возило на патот Охрид-Кичево, приведени три лица

Охрид, 27. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 26-ти февруари 2020 година, во 20:35 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на населбата „Горица“, полициски службеници извршиле преглед на патнички автомобил „Опел Мерива“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Д.С.(39) од Гостивар.

– Притоа, пронајдена и одземена е една црна најлонска кеса со 1,7 килограми опојна дрога марихуана. Возачот на возилото, заедно со сопатниците Ф.А. и Е.Н., од Гостивар, се приведени во полициската станица. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука