Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Поради врнежи од снег, внимателно и на планинскиот премин „Пресека“

Охрид, 27. февруари 2020 (ОХИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози. Слаби врнежи од снег има во Крушево, Кичево и на планинскиот премин „Пресека“.

– Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево. Од 15-ти ноември 2019 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2020 година, информираат од АМСМ.

Image may contain: outdoor and nature

Денес ќе преовладува претежно облачно и значително постудено време со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец што ќе предизвика појава на снежни наноси. Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 6. степени.

– Денес и утре времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде на планинита ќе се формира снежна покривка од 15 до 25 см и ќе има појава на снежни наноси. Ќе дува засилен ветер претежно од северозападен правец, а дневната температура ќе биде пониска за околу 10 степени, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР/АМСМ фото: Славчо Попоски

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука